За Св. Лука / Зошто Св. Лука

Зошто Св. Лука

Работа со микроскоп

7 причини

Што нè издвојува.

01

Практична настава

Практичната настава започнува од втората година на образование и се реализира во специјализирани наставни кабинети, како и во соодветни професионални средини, согласно образовниот профил и наставната програма. Преку практични активности и менторска поддршка, учениците ги применуваат теоретските знаења и развиваат стручни компетенции.

02

Современи кабинети и опрема

Училиштето располага со специјализирани наставни кабинети опремени со соодветни наставни средства, инструменти и опрема за реализација на практичната настава. Опременоста на кабинетите е усогласена со потребите на одделните образовни профили и наставните програми.

03

Професионален наставен кадар

Наставата ја реализира наставен кадар со соодветни образовни и стручни квалификации во наставните и стручните области. Преку наставната работа, стручните насоки и менторската поддршка, наставниците придонесуваат кон стекнувањето знаења и развојот на компетенциите на учениците.

04

Настава во прва смена

Организиран училишен ден – сигурност и предвидливост за сите.

05

Странски јазици

Англиски и германски јазик, ниво Б1/Б2.

06

Подготовка за следниот чекор

Државна матура и државна стручна матура.

07

Отворена комуникација со родителите

Редовна размена на информации меѓу училиштето и родителите за образовниот напредок, редовноста и учеството на учениците во наставните активности. Можност за навремена комуникација и добивање информации за прашања поврзани со образовниот процес.

За родители

Доверба за родителите – поддршка за учениците.

Училиштето обезбедува услови за организиран наставен процес, следење на образовниот напредок и редовна комуникација со родителите. Родителите имаат можност да се информираат за организацијата на наставата, реализацијата на практичната обука, постигнувањата на учениците и условите за школување.

Закажи посета

Посети го Св. Лука пред да одлучиш.

Посетете го училиштето, разгледајте ги наставните кабинети и информирајте се за образовните профили, наставата и условите за упис. Запознајте се со училиштето пред да ја донесете одлуката за запишување. Или јави се: 078 324 324.