Уписи за учебната 2026/27

Твојот следен чекор започнува тука.

Едноставен процес во неколку чекори: избери профил, провери услови, закажи посета и пријави интерес. Ние те водиме понатаму.

Посета и стручна средба

1. Избери профил

Слободни профили за 2026/27.

15 места по паралелка. Нема минимум поени по профил.

Образовен профил насочен кон стекнување стручни знаења и практични вештини за нега, грижа и унапредување на здравјето на луѓето, засновани на хуманост и професионална одговорност.

Здравствена негаКлинички постапкиКомуникација

Образовен профил кој оспособува за примена на физиотерапевтски постапки и техники во рехабилитацијата, зачувувањето и унапредувањето на функционалните способности и квалитетот на животот.

КинезитерапијаФизикална терапијаРехабилитација

Образовен профил кој ги поврзува стручните медицински знаења, прецизната рачна изработка и современите технологии во изработката на стоматолошки помагала и протетски изработки.

Дентална протетикаДентални материјалиЛабораториска работа

Образовен профил насочен кон стекнување знаења и практични вештини за професионална козметичка нега, естетски третмани и правилна примена на современите методи за нега и убавина.

Нега на кожаКозметологијаКозметички третмани

Како да се запишеш

Чекор по чекор.

1

Избери профил

Истражи ги четирите профили и види кој одговара на твоите интереси.

2

Провери услови

Запишувањето на учениците во учебната 2026/27 година се врши под услови и на начин утврдени со Законот за средното образование и Законот за стручно образование и обука. Учениците треба да имаат завршено основно образование и да ги исполнуваат критериумите утврдени со Конкурсот.

3

Подготви документи

Користи го списокот на потребни документи подолу.

4

Пријави интерес

Пополни ја кратката форма. Оригиналните документи се доставуваат подоцна, согласно прописите.

5

Разговор / посета

Те контактираме, закажуваме посета и одговараме на сите прашања.

6

Финален упис

Јасно објаснуваме што следува по прифаќањето и до кога.

Подготви документи

Потребни документи.

Потребни документи за запишување во учебната 2026/27 година:

Рокови

Уписните рокови за 2026/27 се објавуваат согласно официјалниот конкурс.

Школарина

Школарината за учебната 2026/27 година изнесува 2.400 € и ги вклучува учебниците, наставните материјали и практичната обука.

FAQ

Често поставувани прашања за упис.

Четири години средно стручно образование.

Медицинска сестра, физиотерапевтски техничар, забен техничар и техничар за козметичка нега и убавина. Види ги профилите.

Максимум 15 ученици по паралелка, за да има време за секој ученик.

Да, наставата се одвива во прва смена.

Од втора година, во специјализирани кабинети на училиштето, а согласно профилот и програмата и во реални професионални средини.

Во кабинетите на училиштето, а практиката со ментори се реализира и во професионални средини, меѓу кои Болница „8 Септември“ и приватни протетски лаборатории.

Англиски и германски јазик, ниво Б1/Б2. Нема официјална сертификација.

Да. Учениците полагаат државна матура, државна стручна матура или училишна стручна матура, согласно важечките прописи.

Да. Дипломата овозможува продолжување на високо образование согласно условите за упис на секој факултет.

Школарината за учебната 2026/27 година изнесува 2.400 € и ги вклучува учебниците, наставните материјали и практичната обука.

Списокот документи е во делот „Подготви документи“ на страницата Уписи.

Да. Дозволени се трансфери од други училишта, гимназии и средни стручни училишта во текот на целата година.

Дипломите и квалификациите стекнати во училиштето се признаени во странство.

Пријави интерес

Кратка форма – ние те контактираме.

Пополни ги основните податоци. Нема потреба од документи во овој чекор.

    Што ве интересира?

    Одговараме во најкраток можен рок. Итно? 078 324 324.