За Св. Лука

Училиште создадено за идните здравствени професионалци.

„Св. Лука“ е приватно средно стручно училиште во Скопје, основано во 2018 година. Училиштето реализира четиригодишно стручно образование во областа на здравството, со фокус на теоретската настава, практичната обука и развојот на стручните компетенции на учениците.

Работа со микроскоп

Нашата приказна

Од 2018 година – развој на стручното образование во областа на здравството.

Приватното средно стручно училиште „Св. Лука“ започна со работа во 2018 година. Во рамките на својата образовна дејност, училиштето реализира четиригодишно средно стручно образование во четири образовни профили: медицинска сестра, физиотерапевтски техничар, забен техничар и техничар за козметичка нега и убавина.

Наставниот процес ги опфаќа општообразовните и стручните предмети, како и практичната настава, која се реализира во специјализирани наставни кабинети и, согласно образовниот профил и наставната програма, во соодветни професионални средини. Организацијата на наставата во мали групи овозможува непосредна комуникација меѓу учениците и наставниците, следење на индивидуалниот напредок и поддршка во стекнувањето стручни знаења и компетенции.

Холот на училиштето Св. Лука

Нашиот пристап

Што значи да се учи во Св. Лука.

Визија

Нашата визија е да бидеме современо и препознатливо медицинско училиште кое создава образовна средина во која знаењето, професионалноста и човечките вредности се подеднакво важни.

Се стремиме кон постојано унапредување на квалитетот на образованието, следење на современите достигнувања во медицината и здравствените науки, развивање на практичните компетенции и поврзување на образованието со потребите на здравствениот систем. Сакаме да градиме училиште кое ќе поттикнува љубопитност, иницијативност, одговорност и доживотно учење, подготвувајќи млади луѓе кои ќе бидат компетентни, етички и посветени професионалци и активни членови на општеството.

Мисија

Нашата мисија е да обезбедиме квалитетно, современо и стручно медицинско образование кое ги обединува теоретските знаења, практичните вештини и професионалните вредности.

Преку одговорен и посветен наставен процес и поттикнување на критичкото размислување, самостојноста и континуираното учење, создаваме услови учениците да ги развиваат своите компетенции и да се подготват за одговорно извршување на идната професија. Особено значење им посветуваме на хуманоста, етичноста, емпатијата, почитувањето на човековото достоинство и професионалната одговорност – вредности кои се темел на секоја здравствена професија.

Нашите вредности

Вредностите врз кои го темелиме нашето работење се основа на образовната култура, професионалниот развој и односите во училишната заедница. Тие го насочуваат нашиот пристап кон наставата, учењето и подготовката на учениците за одговорно и хумано извршување на идната професија.

  • Хуманост и емпатија
  • Знаење и стручност
  • Етичност и интегритет
  • Одговорност и посветеност
  • Соработка и меѓусебно почитување
  • Развој и иновативност
  • Општествена одговорност

Брзи факти

Св. Лука на едно место.

2018

Година на основање

4 профили

Медицинска сестра, физиотерапевтски техничар, забен техничар, техничар за козметичка нега и убавина

4 години

Средно стручно образование

Прва смена

Организација на наставата

Скопје

Булевар Борис Трајковски 62

Акредитација

Верификувано од Министерството за образование и наука.

Приватното средно стручно училиште „Св. Лука“ – Скопје е верификувано со Решение на Министерството за образование и наука. Со решението се потврдени условите за реализација на наставните планови и програми за образовните профили медицинска сестра, физиотерапевтски техничар и забен техничар од здравствената струка и техничар за козметичка нега и убавина од струката лични услуги.

Решение бр. 12-2821/5Министерство за образование и наука2018 година

Училиштето одблизу

Простор за учење и вежбање.

Закажи посета

Запознај го Св. Лука одблизу.

Закажи посета и разгледај ги кабинетите со наставник. Или јави се: 078 324 324.