Често поставувани прашања
Одговори на најчестите прашања.
Ако не го најдеш одговорот, јави се на 078 324 324 или пиши ни.
Колку трае образованието?
Четири години средно стручно образование.
Кои профили ги нудите?
Медицинска сестра, физиотерапевтски техничар, забен техничар и техничар за козметичка нега и убавина. Види ги профилите.
Колку ученици има во една паралелка?
Максимум 15 ученици по паралелка, за да има време за секој ученик.
Дали наставата е во една смена?
Да, наставата се одвива во прва смена.
Кога започнува практичната настава?
Од втора година, во специјализирани кабинети на училиштето, а согласно профилот и програмата и во реални професионални средини.
Каде се реализира практиката?
Во кабинетите на училиштето, а практиката со ментори се реализира и во професионални средини, меѓу кои Болница „8 Септември“ и приватни протетски лаборатории.
Кои странски јазици се изучуваат?
Англиски и германски јазик, ниво Б1/Б2. Нема официјална сертификација.
Дали може да се полага државна матура?
Да. Учениците полагаат државна матура, државна стручна матура или училишна стручна матура, согласно важечките прописи.
Може ли по завршување да продолжам на факултет?
Да. Дипломата овозможува продолжување на високо образование согласно условите за упис на секој факултет.
Колкава е школарината и што вклучува?
Школарината за учебната 2026/27 година изнесува 2.400 € и ги вклучува учебниците, наставните материјали и практичната обука.
Кои документи се потребни?
Списокот документи е во делот „Подготви документи“ на страницата Уписи.
Дали може да се префрлам од друго училиште?
Да. Дозволени се трансфери од други училишта, гимназии и средни стручни училишта во текот на целата година.
Може ли да го посетиме училиштето пред да се запишеме?
Да, и тоа го препорачуваме. Закажи посета.
Како се врши признавање на дипломата во странство?
Дипломите и квалификациите стекнати во училиштето се признаени во странство.
Закажи посета
Посети го Св. Лука пред да одлучиш.
Дојди, разгледај ги кабинетите, запознај ги наставниците и постави ги сите прашања на едно место. Или јави се: 078 324 324.
